Покриен г.. никој не го плука – Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци
Покриен г.. никој не го плука – Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци. Вакви пораки осамнаа денеска на улица „Македонија“ во центрот на Скопје, пред куќата на Мајка Тереза.
Оваа уметничка акција е посветена на борбата за заштита на личните податоци, бидејќи
секојдневно сѐ повеќе наши граѓани се жртви на злоупотреба на нивните лични податоци. Во
полесните случаи ефектите од злоупотребена односно кражбата на личните податоци се
сведуваат на пренатрупаност преку е-маил, вибер, СМС и слични пораки на електронските уреди, но во посериозните случаи граѓаните за жал остануваат со празни банкарски сметки исплаќаат разни претплати за кои никогаш не се согласиле, а во екстремни случаи поради злоупотреба на нивните податоци враќаат брзи кредити.
Идејата на акцијата „ Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци – Покриен газ никој не го плука“ е преку визуелно допадлив уметнички јазик изразен во едноставна но ефикасна урбана акција претставена преку гигантски гаќи и спружени алишта со испечатени лични документи да обрнеме внимание особено на повозрасните генерации сериозно да ги сфатат заканите и проблемите кои произлегуваат од недоволната и несоодветната заштита на личнит е податоци.
Преку оваа акција користејќи го едноставниот народен јазик и острата мисла на народниот творец раскажана во едноставната синтагма, сакаме да потсетиме дека еднакво како што ги криеме „срамните“ делови на нашето тело треба да ги криеме и нашите лични податоци. На овој начин сакаме да влијаеме на јавноста и на граѓаните да ја развијат свеста и да ја разберат сериозноста на потребата за чување на сопствените лични податоци.
Акцијата е наш придонес во одбележувањето на Европскиот ден за заштита на личните податоци – 28 јануари. На овој начин ја одбележуваме годишнината од донесувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на личните податоци, првиот правно обврзувачки меѓународен документ во областа на заштитата на личните податоците, што има за цел да ја подигне свеста и да ги промовира добрите практики за заштита на приватноста и заштита на личните податоци, велат од Центарот за современи уметности.
Овој датум се одбележува секоја година од сите земји членки на Советот на Европа, како и од
институциите на ЕУ.
Урбаната акција е дело на групата Урбани уметнички акции – Урбана герила на Центарот за
современи уметности. Акцијата е дел од проектот „Лажни вести – предупредувајќи ги сограѓаните“ поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.