Појаснување за хакираната страница на „Независен“ на Фејсбук


Пред околу една година нашата Фејсбук страница „Независен весник/Nezavisen vesnik беше хакирана некаде од Југоисточна Азија. Последниве денови забележавме дека таа хакирана страница сега е во оптек и на неа се објавуваат видеа коишто не се наши. Тоа создаде недоумици кај повеќе наши следбеници, читатели и коминтенти. Сакаме да ве известиме дека „Независен“ нема ништо со таа веб-страница.

Во меѓувреме отворивме две нови страници на Фејсбук. Новите две страници на Фејсбук се „Nezavisen vesnik и „Понуди за работа“. Пристапот до веб-страницата на нашиот медиум е „Nezavisen.mk“.