Погребан Панчо од „ДНК“


Семејството, роднините, пријателите и фановите на починатиот македонски пејач Владимир Блажев – Панчо, денеска се простија од него.

Опелото за музичарот се изврши во црквата Свети Илија во населбата Аеродром во Скопје, а потоа тој беше погребан на Градските гробишта Бутел.

Голем број ужалени денеска беа во црквата Свети Илија за да го кажат последното збогум за Панчо, меѓу нив и многу јавни личности.
 

Панчо пред два дена ја загуби последната битка, по седуммесечно лекување во болница во фаталниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Замина на 46 години. Зад себе остави два сина, Андреја и Марјан.

Панчо е деветтиот член на ДНК кој го загуби животот во пожарот, по Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, која беше и професорка на Факултетот за музичка уметност, тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на групата ДНК, Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски Буцо.

Последно, за него беше покрената постапка од Обвинителството која беше ставена во мирување поради неговото болничко лекување. Со сомничеа дека ги внел пиротехничките средства во дискотеката.