Погледнете како изгледа импресивниот мост во Хрватска меѓу тунели
Завршува спојувањето на мостот над кањонот на реката Цетина кај Омиш во Хрватска, кој е дел од поголем проект за изградба на омишката обиколница долга четири километри.
Мостот на Цетина е дел од омишката обиколница, а се наоѓа на височина од 70 метри. Долг е 216 метри, а мостот е единствен по тоа што и на влезот и на излезот има тунели.
Инвеститор е „Хрватски патишта“, а изградбата чинеше околу 24 милиони евра и претставува дел од планираниот брз пат меѓу Трогир, Солин, Сплит и Омип.
Како што пренесува „Слободна Далмација“, целата обиколница е долга речиси 4 км, а ќе чини повеќе од 133 милиони евра и ќе поже да се користи од есен.
Некои забелжаа дека двата дела на мостот кои се спојуваат на средината, сега, пред да бидат споени не се наиста висина, но инженерот Томислав Цветко објаснува дека тоа е само во моментот.
Причина за тоа е променливата висина на попречниот пресек на мостот.
„При секое потискање на конструкцијата таа се придвиѓува и висински и по последното потиснување двете страни ќе бидат на иста висина, па меѓусебно ќе може да се спојат и целата конструкција конечно ќе се фиксира во лежиштата“, вели Цветко.
Мостот сега дојде на 20 см до крајот на процесот на спојување на двете страни.