Поевтини половни автомобили пристигнуваат во регионот: ЕУ најави драстични мерки за дизелашите постари од 10 години


Европската Унија воведува нови технички прописи со кои ќе се отстранат постарите автомобили од патиштата, а ова најмногу се однесува на дизел возила без DPF филтри.

Имено, ЕУ најави драстични мерки кои директно ги таргетираат автомобилите постари од 10 години, особено дизелите.

Европската Унија ја оправдува оваа иницијатива со потребата од намалување на сообраќајните несреќи и загадувањето.

Така, овие нови правила воведуваат построги технички прегледи, со посебен фокус на автомобили без филтри за честички (DPF), од кои има милиони на европските патишта.

Во спротивно, замената на DPF филтерот може да чини до 2.500 евра, поради што многу сопственици посегнуваат по алтернативни решенија како што се чистење, „дупчење“ или целосно отстранување од издувниот систем.

Доколку Европската Унија ги усвои предложените мерки, милиони сопственици на дизел-мотори ќе се соочат со тешка одлука, или да платат за скапи поправки или да се збогуваат со своите автомобили.

Многу од овие возила веројатно ќе завршат во Источна Европа и на Балканот, што би можело да доведе до презаситеност на пазарот и само да го помести проблемот со загадувањето.

Доколку има презаситеност на пазарот, тоа би можело да влијае и на пониските цени на автомобилите во регионот.