Подготвувате ручек, но заборавивте да го извадите месото од замрзнувач? На овој начин ќе го одмрзнете за пет минути
Подготвувате ручек, сфативте дека месото е најдобриот избор, но заборавивте да го извадите од замрзнувач.
Затоа применете го овој генијален трик.
Земете два метални сада. Еден свртете го наопаку и во него ставете го месото, на кое потоа ќе ставите уште еден сад и ќе го наполните со топла вода. Само почекајте 5 до 10 минути и тоа е тоа.
Трикот е во тоа што металот, особено алуминиумот, е одличен спроводник на топлина. Водата во тенџерето што е над месото ќе ја распореди топлината по целата површина на месото и затоа побрзо ќе се одмрзне.
Значи, тоа е толку едноставно што е смешно, а многу им значи на домаќинките кои имаат потреба.