Под Железничка ќе се прави депо за хаварисани возила
Просторот под Железничката станица во Скопје ќе стане депо за хаварисаните возила кои се отсртануваат од паркинзите во Општина центар и Општина Аеродорм.
Откако Општина Центар, на свој трошок почна да ги отстранува хаварисаните возила од паркинзите и улиците на територијата на општината и ги замоли граѓаните да го направат истото, потребно е место за нивно чување, додека не помине периодот за граѓаните евентуално да си ги побараат. Потоа тие возила ќе оодат на топење, како што пропишува законот, појасни градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на денешниот брифинг со новинари.
Тој рече дека заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, сега веќе министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, пред повеќе месеци ја почнале постапката за да им се отстапи просторот под Железничката станица за таа намена.
Планира местото да се загради, да се обезбеди, а потоа сите хаварисани возила да се носат таму.(Б.Б.)