Почуствуван земјотрес во Скопје


Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер, вечерва во 22.05 часот, беше почувствуван во Скопје. 

Земјотресот е регистриран на границата со Косово.

Сеизмолошките станици, уште немаат официјално соопштение, но според некои веб-страници, бил на длабочина од 5 км. 

Според страницата EMSC, земјотресот бил на територија на Косово, со јачина од 4,6 степени, на 19 км од Призерн и 15 километри од Тетово.

Земјотрес во истиот регион беше почувствуван и во неделата вечерта, во 23.09 часот во Тетово и во околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицетарот потекнува од територијата на Косово, на околу 46 километри северозападно од Скопје со локална магнитуда, ML3.0