Почна состанокот на Советот за безбедност
Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски започна седницата на Советот за безбедност, на која ќе биде разгледана актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.
На седницата присуствуваат редовните членови на Советот, како и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.