Почна метежот на граничните премини: На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека 20 минути


На граничните премини ,,Табановце” и ,,Богородица” времето на чекање за влез во државата изнесува околу 20 минути, информира Авто мото сојузот (АМСМ)

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.