Почна меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“


Со детската претстава „Волшебната флејта“ во изведба на Театарот за деца и младинци од Скопје, синоќа во спортскиот центар „Ново Лисиче“ беше отворен шестиот меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“.

На отворањето на фестивалот присуствуваа градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, директорот на „Театар комедија“, Сашо Ристовски, и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска.

„Ова е уникатна можност за љубителите на театарот да проследат квалитетни претстави од македонската и меѓународната сцена“, изјави Цветковска најавувајќи дека Општината и натаму ќе го поддржува фестивалот.

„Гола месечина“ вечер продолжува со урнебесната комедија „Кнегињата од Фоли Бержера“ од славниот Жорж Фејдо во изведба на театарот Народно позориште од Ниш.

Претставите почнуваат секој ден од 20 часот, а влезот е бесплатен.