Почна 2021-ва – воздржани прослави ширум светот

2020-та е зад нас! Луѓето ширум светот новата 2021-ва ја пречекаа со надеж дека ќе биде подобра од претходната година на корона
Милиони луѓе ширум светот ја поздравија новата 2021-ва година пред се’ со една желба – пандемијата на коронавирус да заврши што побрзо!
Во Берлин имаше по некој огномет, но вечерта главно мина мирно. Полицијата вели – невообичаено мирно. Големата забава која вообичаено се одржува пред Бранденбуршката порта, како и големиот огномет, беа откажани. Ширум земјата се прославуваше дома, во тесен круг на луѓе. Во Германија на сила се остри мерки за сузбивање на пандемијата. Телевизијата ЗДФ го емитуваше своето вообичаено шоу во живо од пред Бранднебуршката капија, но без публика на лице место.
Линк до целиот текст на Дојче Веле тука