Почина ранетиот во Батинци – бил припадник на АРМ


Фото: Б. Грданоски

Денеска, околу 10,55 часот, во Градската болница е донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, потврдуваат од Градската болница во врска со пукањето во Батинци. Лекарите велат дека веднаш биле преземени мерки за реанимација, но констатирале дека жртвата веќе била мртва во моментот на приемот.

Сè уште не се познати околностите на настанот и причината за раните, додека надлежните органи започнаа истрага. Како што објави порталот 4news.mk, станува збор за Агим Мухареми од Батинци, припадник на Армијата на Северна Македонија.

За време на трагичниот настан лицето не било на служба во Армијата, односно било на користење слободен ден, соопшти АРМ. На лице место е излезен јавен обвинител, органи на МВР  и дежурна служба на Воената полиција.