Почина притвореник во затворот во Шутка


Фото: Б. Грданоски

Во истражниот затвор Шутка  починал притвореник. Се работи за маж на возраст од 46 години од Ресен. Бил во соба со уште четворица притвореници.

Претходните денови не се жалел на никакви тегоби.

Се претпоставува дека имал срцев удар, но официјалните информации ќе бидат соопштени по увидот и обдукцијата. Притвореникот бил во истражниот затвор во Шутка како дел од осомничените за измами со јаболка во Ресен.