Почина ќерката на ексградоначалникот Владимир Талевски
Марија Талеска-Мургоска, ќерка на ексградоначалникот на Битола и актер, Владимир Талевски, почина на 39-годишна возраст. Лошата вест, доаѓа во моменти кога нејзиниот татко издржува затворска казна за случајот „Транспортер“ во прилепскиот затвор. Марија е една од двете ќерки на Талевски. Причината за смртта, според првичните информации, е срцев удар.
Нејзините пријатели и сограѓани се опростуваат од неа и на социјалните мрежи.