Почина Халид Бешлиќ


 

Познатиот пејач Халид Бешлиќ почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, потврдија приватни извори за порталот Н1 Sarajevo.

Како што беше соопштено за Н1, Бешлиќ починал околу 13 часот.

Халид Бешлиќ (72) долго време беше хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево поради тешка болест.

Бешлиќ е на музичката сцена повеќе од четири децении, а неговата кариера е богата со хитови кои се пеат со генерации. Неговата песна „Миљацка“ е еден од најголемите хитови последниве две децении на регионалните простори.

Освен што остави неизбришлив белег во музиката, Бешлиќ ќе биде запаметен како голем хуманитарец, како што сведочат многу луѓе кои го познавале и поминале време со него.