Почина Гордан Михиќ, сценаристот на „„Камионџии“, „Дом за бесење“, „Балкан експрес“…


Србија– Прославениот српски сценарист, Гордан Михиќ почина вчера на 80-годишна возраст. Веста за смртта на Твитер ја објави неговата ќерка, актерката Ивана Михиќ. Михиќ починал рано наутро по ненадејно заболување.

Гордан беше редовен професор на Факултетот за драмски уметности, каде предаваше филмско сценарио. Од неговото перо излегоа некои од најпознатите филмови и серии во југословенската и српска кинематографија, меѓу кои се „Немањичи“, „Ранета земја“, „Лажливо лето’68“, „Камионџии“, „Дом за бесење“, „Балкан експрес“, „Дојде време да се проба љубов“, „Јагуаров скок“, „Сивиот дом“, „Кога ќе бидам мртов и бел“, „Заборавени“, „Танго Аргентино“ како и македонскиот филм на режисерот Столе Попов, Среќна Нова “49.

Тој беше во брак со исто така, славната актерка Вера Чукиќ.