Почина деветгодишно момче – најмладата жртва од стампедото на концерот на Тревис Скот

Деветгодишното момче Езра Блунт е најмладата жртва на стампедото на концерот на Тревис Скот, на фестивалот Астерворлд, во Tексас.
Тој почина десет дена по концерот.
На концертот имаше 50.000 луѓе
Скот неколкупати го прекинуваше својот 75 минутен настап откако виде дека луѓе што се блиску до сцената се во опасност. Бараше од обезбедувањето да проверат дали со нив сѐ е во ред и да им се помогне да излезат.
Возила на брза помош неколкупати се обидуваа да поминат нез метежот за да им помогнат на несреќните посетители. На концерот имаше 50.000 посетители.
„Еден човек падна, а другите паѓаа преку него како домино“, рече еден од посетителите.
„Тела лежеа едно врз друог, други се пообидуваа да се пробијат на површина и да дојдат до воздух за да останат живи“, вели тој.
Скот е скршен
Раперот Скот по концерот се огласи преу Твитер.
„Потполно сум скршен поради тоа што се случи синоќа. Моите молитви одат кај семејствата на жртвите и кај сите врз кои влијаеше она што се случи на фестивалот Астерворлд“, напиша раперот.
Рече дека ја поддржува полицијата додека истражува што се случило и ќе им помогне на сите на кои помошта им е потребна.
„Полицијата во Хјустон ја има мојата поддршка во истрагата за трагично изгубените животи. Ќе се посветам на соработка со заедницата во Хјустон за да им пружам потребна поддршка на семејствата. Ѝ благодарам на полицијата во Хјустон, на пожарникарите и работниците од паркот за брзата реакција и поддршка. Ве сакам сите“, напиша Скот.