Почина Чемп, едно од кучињата на Џо Бајден во Белата куќа
САД– Чемп кој заедно со Мејџор, германските овчари на претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, живеаја во Белата куќа почина мирно во својот дом, извести Белата куќа. Имаше 13 години.
Чемп се приклучи на семејството Бајденс кон крајот на 2008 година, непосредно пред да се преселат во резиденцијата на потпретседателите во Вашингтон. Мејџор беше усвоен пред две години преку здружението Хуман Делавер и е првото куче од засолниште кое се преселило во Белата куќа.

Поранешниот претседател Доналд Трамп беше првиот станар во Белата куќа што немаше куче во повеќе од 100 години – откако Вилијам Мекинли беше претседател, во 1897 година. Тој им порача на приврзаниците на митинг во 2019 година дека „не би имал ништо против да има куче“ , “но немам време”.
Кога се вселија во Белата куќа, канцеларијата на првата дама рече дека Чемп „уживал во својот нов кревет за кучиња покрај огништето, а Мејџор обожавал да трча на јужниот тревник“.
Годинава, персоналот имаше проблеми со тригодишниот Мејџор кој во два наврати касна чувар.