Почина Брајан Денехју, омилениот лик од крими-сериите
САД- Славниот актер од големите и малите екрани Брајан Денехју, почина на 82-годишна возраст во неговиот дом во Конектикат. TMZ јави дека починал од природна смрт и надлежните не побарале обдукција.
Глумел 50 години, а во текот на својата завидна кариера се појавил во многубројни познати телевизиски серии како “Kojak,” “MASH” и “”Lou Grant“ и во филмовите „Looking for Mr. Goodbar” и “Semi-Tough.”
Тој глумеше во „Маш“ и „Далас“ пред да добие улога во 1981 година во „Династија“.
Сопственик е на Златен глобус, две награди Тони , а за наградите Еми награди беше номиниран 6 пати. Актерот кој два пати се женеше, имаше пет деца.