Почина актерот Лазе Манасковски
На 67-годишна возраст денеска почина македонскиот актер Лазе Манасковски.
-Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасковски почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!, наведуваат од Драмски театар.
Манасковски е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година се вработил како актер во Драмски театар – Скопје и работи сѐ до неговото пензионирање во 2022 година.
Ќе остане познат по своите улоги во „Исцелител“, „Сенки“, „Трст виа Скопје“, „Еурека“, „Солунски патрдии“, Македонски народни приказни, „Преспав“, „Пусто турско“.
В понеделник, на 22. 12. 2025 од 11,30 до 12, 30 во капелата на Градските гробишта Бутел, ќе се оддаде последна почит за Манасковски.
Драмски, како матична куќа на Манасковски, од каде се пензионираше во 2022 година, дополнително ќе извести за Комеморацијата.