Почина адвокатот (80), кој го бранеше Епштајн, внукот на Кенеди, Бибер …

Почина 80-годишниот Рој Блек, истакнат адвокат на Мајами, кој беше вклучен во бројни познати правни случаи. Мајами Хералд објави дека Блек починал во понеделникот во неговиот дом во Корал Габлс, град лоциран недалеку од Мајами.
„Повеќе од 30 години, Рој беше мојот учител, ментор и пријател. Губитокот кој го чувствувам лично и професионално, се немерливи“, изјави партнерот на Блек, во адвокатската канцеларија, Хауард Сребниек.
Случајот на Епштајн
Блек го претставуваше милијардерот Џефри Епштајн кога за прв пат беше обвинет дека наведувал девојчиња на проституција. Тој одигра важна улога во договорот склучен во 2008 година од страна на Епштајн кој ги избегна федералните обвинувања со признавање на вина за државни обвиненија за наведување на лица под 18 -годишна возраст на проституција.Епштајн беше осуден на 18 месеци затвор и на крајот отслужи 13 месеци.
Епштајн беше уапсен повторно во 2019 година. Ова апсење и обвинение беа фокусирани на злоупотреба и експлоатација на малолетни девојчиња од 2002 до 2005 година во Палм Бич и Њујорк. Значи, Епштајн никогаш не бил обвинет за неговите активности по 2008 година.
Бранеше член на семејството Кенеди и Џастин Бибер
Блек го привлече вниманието на американската јавност уште во 1991 година. Поголемиот дел од судењето беше пренесено во живо на националната телевизија. Преносот стана препознатлив со сината точка што го крие лицето на жртвата на наводно силување.
Овој случај беше придружуван од посебен интерес затоа што Кенеди Смит е внук на поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди, на поранешниот јавен обвинител и американски сенатор Роберт Ф. Кенеди и поранешниот сенатор Едвард М. Кенеди.
Во Мајами, Блек се сметаше за ГОАТ (најголем од сите времиња) во правните кругови, според адвокатот Дејвид О. Маркус, кој верува дека тој во правните кругови е она што Мајкл Џордан е во кошарката.
Блек го бранеше и канадскиот пејач Џастин Бибер, кој беше обвинет за возење на Ламборџини под дејство на алкохол . Поп – ѕездата на крајот ја призна вината за поблаги обвинувања, односно за невнимателно возење и отпор при апсење.