Почесни Оскари 2021 за Лив Улман, Семјуел Џексон, Дени Гловер и Елејн Меј


САД- Семјуел Л. Џексон, Елејн Меј и Лив Улман ќе добијат почесни Оскари оваа година, објави Академијата за филмски уметности и науки. Дани Гловер ќе ја добие и хуманитарната награда Џин Херсхолт. Почесните Оскари ќе бидат претставени на церемонијата на Governors Awards , на 15 јануари 2022 година.

Почесните Оскари се доделуваат секоја година “за исклучителни достигнувања во животот и одличен придонес во киното“. Наградите на членовите на Академијата беа создадени како посебен настан во 2009 година, за да се даде поголем акцент на добивање на статуетки надвор од преполната програма на главното шоу.