По прележана корона, Том Хенкс дарува крвна плазма


САД- Кога на почетокот на март популарниот холивудски актер Том Хенкс заболе од корона вирусот, тоа за многумина беше знак дека овој вирус навистина е опасен.

За среќа, тој и неговата сопруга Рита Вилсон се опоравија по неколку седмици цо болница во Австралија, каде глумецот снимаше.

Том Хенкс сега на Твитер објави фотографии од давање своја крвна плазма која ќе биде користена во истражувањата за крона вирусот.

Научниците се надеваат дека крвта од луѓето кои прележале корона вирус има доволно антитела да помогне во лекувањето на пациентите.