По објавениот транскрипт на разговорот меѓу Трамп и Зеленски, републиканците и демократите во рововски позиции
Објавениот транскрипт на спорниот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот украински колега, Володомир Зеленски, што причина за отвoрање формална истрага за импичмент на Трамп од страна на демократите, ги зари во рововски позиции главните две политичките партии во Вашингтон.
Чак Шумер, лидер на малцинските демократи во Сенатот, истакна дека Трамп постојано лаже и манипулира и побара увид во сите разговори што претседателот ги водел со Зеленски летоска.
-Позната е неискреноста на претседателот. Неколку денови по разговорот со Зеленски, тој имаше разговор и со (рускиот претседател) Владимир Путин. Зошто токму тогаш беше повлечена украинската амбасадорка во САД? Постојат многу прашања на кои бараме одговор, изјави Шумер денеска од говорницата на Сенатот.
Објавениот транскрипт e всушност меморандум со редактирана верзија од разговорот, декласифицирана од претседателот. Составен вчера, текстот е збир на сеќавања на луѓето кои присуствувале во кабинетот на претседателот за време на разговорот на 25 јули, 2019 година. Во транскриптот, мислата на претседателот повеќе пати се прекинува со три точки.
-Бараме увид во жалбата на свиркачот до генералниот инспектор за разузнавање, и негово безбедно сведочење во Конгросот, рече Шумер.
Низ Вашингтонн се шират гласини дека свиркачот е Џон Болтон, неодамна отпуштениот советник за национална безбедност на Трамп. Во Конгресот утре по ова прашање ќе сведочи Директорот на националното разузнавање на САД.
Демократите обвинуваат дека Трамп од Зеленски барал „квид про кво“, услуга за услуга – реализација на парична воена помош на Украина, во замена за истрага на смената на укрански обвинител кој во 2016 година истражувал корупција во холдингот „Бурисма“, каде работел Хантер Бајден, синот на тогашниот поптпретседател Џо Бајден.
Потоа, во разговорот, Трамп вели „да ве прашам за една услуга“ и му вели на Зеленски да соработува со неговиот личен адвокат Руди Џулијаии и со државниот обвинител Вилијам Бар, во можна истрага за Бајден. За демократите, ова е доволен доказ дека претседателот побарал од странски лидер да се вмеша во изборната кампања на САД.
-Ова е чиста злоупотреба на претседателската власт – да се бара компромитирачки материјал од странски лидер за политиички противник е противзаконски, кривично дело за кое се одговара. Никој не е над законот, изјави денеска Ненси Пелоси, спикер на Претставничоит дом, која синоќа формално ја отвори истрагата за отповикување на Трамп.
Линдзи Грем, републикански сенатор изутринава изјави дека во разговорот на Трамп со Зеленски нема ништо сомнително и дека треба да се истражи зошто тогашниот потпретседател Бајден барал од Киев да го отпушти јавниот обвинител на Украина.
-Oд мој аспект, да се отповика претседател заради еден ваков телефонски повик е лудо. Зошто бил сменет тој (украински) обвинител, можеби навистина се работи за злоупотреба, можеби не, бидејќи работел нешто за Америка. Некој тоа треба да го истражи. Знам само дека ако на местото на Бајден беше некој републиканец, тој веднаш ќе беше ставен на тапет, изјави денеска Грем.
Според него, американскиот претседател само ја истакнал стратешки најважната задача на Украина и барал од претседателот Зеленски расчиствање на корупциските скандали во земјата, нешто што го правела и претходната администрација.