Новинарот Ѓорѓи Томиќ почина на 42 години
Новинарот Ѓорѓи Томиќ почина по кратко боледување. Имаше 42 години. Томиќ кариерата ја помина во телевизиското новинарство, а посебно работеше на надворешната политика.
Во својата кариера, која ја градеше во информативната редакција на Канал 5 каде како уредник остави значаен белег со своето известување и аналитички пристап. Од новинарството замина во областа на маркетингот, работејќи во секторите за односи со јавност.
Колегите ќе го паметат како исклучително професионален новинар, посветен на својата работа, но и како голем другар. Потекнуваше од новинарско семејство, татко му е Слободан Томиќ, а неговата страст кон медиумите и комуникацијата беше препознатлива во секој негов професионален ангажман.
Зад себе остави сопруга и два сина.