По договорот на ЕУ, еврото кратко достигна највисоко ниво во последните четири месеци
Девизниот курс на еврото кратко време достигна ново највисоко ниво во последните четири месеци на меѓународните пазари во вторникот, откако лидерите на ЕУ се согласија за дарежливиот пакет стимулации со кои ќе го помогнат закрепнувањето на економиите погодени од корона кризата.
Еврото предпланево достигна 1,1470 долари, што е највисоко ниво од 9 март, а околу пладне се тргуваше за 1.1442 американски долари, што значи ослабна за 0,1 проценти во однос на затворањето на тргувањето претходниот ден.
По маратонските преговори, водачите на ЕУ постигнаа договор во вторникот наутро за фондот за закрепнување на ЕУ по пандемијата на коронавирус вреден 750 милијарди евра и се договорија за седумгодишниот буџет од 1.074 милијарди евра. Фондот за обнова од 750 милијарди евра предвидува грантови од 390 милијарди евра и заеми од 360 милијарди евра.
Конечниот договор содржи малку нови информации што посилно би го поддржале еврото, бидејќи на пазарите веќе им беше познат договорениот сооднос на грантови и заеми, велат аналитичарите.
Тргувањето главно беше мирно и повеќето курсеви се задржаа во постојниот тесен сооднос, забележува Ројтерс. Охрабрувачките резултати во тестирањето на вакцините против Ковид-19, исто така, придонесоа за поволната атмосфера.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, остана непроменет во вакви околности во однос на претходниот ден, на 95,813 поени.
Девизниот курс на јенот остана на нивото од претходното затворање и 107,31 јени се тразменуваа за еден долар.
Зајакнаа валутите што го следат движењето на цените на стоките на светските пазари, како што е австралискиот долар, кој зајакна за 0,5 проценти во однос на американскиот долар.
Поповолната клима во однос на ризиците го поддржа и девизниот курс на фунтата, која зајакна дури 0,4 проценти во однос на доларот, на 1,2716 долари, што е највисоко ниво од 11 јуни. Во однос на еврото, фунтата зајакна 0,3 проценти во споредба со претходниот ден, на 90,16 пени за евро.