ПМФЛ: Воска го напушти мечот со Вардар незадоволни од судењето

Фудбалерите на Воска го напуштија натпреварот против Вардар во 75.минута откако беа незадоволни од судењето.
Воска имаше предност од првото полувреме со голот на Осеи, а Вардар до израмнување стигна во 74-тата, гол по кој домаќините протестираа сметајќи дека топката не ја минала гол-линијата.
Реагираа домашните фудбалери, натпреварот продолжи, но беше прекинат само неколку минути подоцна.
Откако се почека извесно време тие да се вратат, тоа не се случи. Мечот и официјално беше прекинат, а Вардар највероајтно ќе добие службена победа.
Резултати од ПМФЛ:
Струга – Гостивар 1:1
Тиквеш – Академија Пандев 2:1
Беса – Шкендија 2:3
Работнички – Пелистер 2:1
Шкупи – Силекс 1:2
Воска Спорт – Вардар 1:1 (прекината).