Платформата на СДСМ ќе биде насочена кон економијата и платите


 

СДСМ ја завршува првата фаза од процесот на консолидација со избор на нови делегати, претседатели на општински организации и подготовките за конгресот на партијата. 

Лидерот на партијата, Венко Филипче, на регионалната средба во Струга со општинските организации од тој регион изјави дека бил  задоволен сум од изборот на новите раководства и претседатели на општински организаци, бидејќи тоа биле луѓе кои уживаат широка доверба во своите заедници.

На конгресот на 24 ноември СДСМ ќе избере ново раководство, но ќе ги дефинира новите политики на партијата. „Ќе понудиме современ модел на нова идеолошка и политичка платформа на СДСМ како одговор на предизвиците пред кои се наоѓа Македонија. Политики кои ќе значат реафирмација на социјалдемократските вредности, прилагодени на новото време и приоритетите на сите граѓани во нашето општество. Силен фокус ставаме на економијата, платите и поддршката за граѓаните, но и ги реафирмираме демократските принципи на владеење кои ВМРО-ДПМНЕ ги руши од првиот ден“, рече Филипче.