Платата на претседателот на Уставниот суд на Србија е 8.000 евра
Главната обвинителка на Србија има плата од 5.140 евра, претседателот Александар Вучиќ скромни 2.050 евра
Снежана Марковиќ (67), до неодамна претседателка на Уставниот суд на Србија, за таа позиција добивала месечна плата во износ од неверојатни 942.832 динари (8.036 евра), како и уште 68.500 динари секој месец како член на комисијата за полагање на правосудниот испит. Сепак, тоа не е сè, бидејќи таа добивала уште 58.000 динари квартално покрај претходните два износа како член на Републичката нотарска комисија, според официјалните податоци од веб-страницата на Агенцијата за спречување на корупција.
Платата на Марковиќ била двојно поголема од онаа на Јасмина Васовиќ, претседателка на Врховниот суд на Србија, која изнесува 440.000 денари (3.750 евра) за позицијата претседател, како и 91.438 динари за нејзината позиција во Високиот судски совет.
Главната обвинителка на Србија, Загорка Доловац, е меѓу оние со највисока плата во судството. Таа има 603.228 динари (5.140 евра), плус уште 90.745 илјади динари за нејзината позиција во Високиот совет на обвинители.
Платата на претседателот на Србија е далуку поскромна. Таа изнесува 240.479 денари, или 2.050 евра. Иако е најмоќниот човек во земјата, претседателот на Србија официјално не е најплатениот државен функционер.
Интересно е што министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, е најплатениот државен функционер во Србија со плата од 405.305 динари месечно (во евра – 3.450). Дачиќ има повисока плата од Вучиќ за 1.400 евра.
Што се однесува до премиерот Ѓуро Мацут, во неговата имотна карта на Егенцијата за спречување корупција нема информации за износот на платата, односно таа изнесува 0 динари. Но затоа се наведени останатите приходи на Мацут – од Медицинскиот факултет, Клиниката за ендокринологија на КЦС и консултантска такса во Специјалната болница за заболувања на тироидната жлезда и метаболички заболувања „Златибор“. Неговата плата како редовен професор и доктор на Клиниката за ендокринологија изнесува 317 илјади динари (2.700 евра).
Снежана Марковиќ беше избрана за судија на Уставниот суд во 2016 година по предлог на нејзиниот долгогодишен сонародник и пријател од Крагуевац – поранешниот претседател на републиката Томислав Николиќ. Потоа беше назначена за претседател на овој суд во 2019 година, како и повторно во 2022 година. Целиот нејзин мандат, особено последните седум години кога беше претседател на судот, беше обележан со постојано отсуство на донесување одлуки за бројни уставни прашања, поради што во судските кругови беше етикетирана како еден од најблиските соработници и заштитник на владејачкиот режим во судството.