Пласидо Доминго: Се враќам на сцената
Славниот шпански тенор Пласидо Доминго (79) почна да дава интервјуа, прогласувајќи дека е целосно опоравен од коронавирусот.Тој ќе се врати на сцената кон крајот на август на концерт во Арената во Верона, Италија.
-Мислата дека се враќам во мојата сакана Арена ме исполнува со радост. Арената трансформирана за да нè заштити од зараза, сите распоредени и во исто време сите обединети, публика, хор, оркестар, уметници, во голема прегратка. За мене кој имаше среќа да живее таму 50 години волшебни вечери, враќањето во овој историски момент ќе биде длабока емоција, различна од сите други. Бидејќи на среќата да се направи музика ќе им се придружи големо почитување на оние што се бореа, страдаа и за оние што повеќе не постојат, изјави Доминго.
Доминго е предвидено да настапи и во продукцијата „Ла Травијата“ на Teatro alla Scala’s во ноември, како и на серија концерти во Белорусија, Германија и Швајцарија во текот на 2020 до 21 година.
Претходно, славниот тенор беше во центар на скандал откако над 20 жени го обвинија за сексуално вознемирување пред три децении. Како одговор на овие откритија, Доминго се извини за неговото однесување и презеде „целосна одговорност“ за своите постапки. Меѓутоа, скандалот се одрази на неговата кариера. Тој поднесе оставка како генерален директор на Операта во Лос Анџелес, на чија функција беше од 2003 година, славната опера „Метрополитен“ во Њујорк му откажа соработка, како и оперските куќи, во Филаделфија и Сан Франциско, операта во Далас и Националната опера во Вашингтон.
Доминго е женет за оперската певица Марта Доминго од Мексико, а неговото богатство е проценето на 300 милиони долари.