Пирс Морган потпиша договор со „Фокс њуз“ на Мардок
САД– Контроверзната британска медиумска личност Пирс Морган потпиша „глобален“ мултинационален договор со „Фокс њуз“ и корпорацијата на Руперт Мардок.
Според договорот, Морган ќе води дневна ТВ-емисија што ќе се емитува во Обединетото Кралство, САД и Австралија, ќе пишува неделна колумна за британскиот таблоид на Мардок – „Сан“ и американски „Њујорк пост“, а и ќе биде автор на серија криминалистички документарни филмови.
Познатиот водител порано годинава замина од соперничката ТВ-куќа „Ај-ти-ви“, по контроверзните коментари на сметка на Меган Маркл по нејзиното „бомбастично интервју“ кај Опра Винфри.