„Пиреј“ на Прилепскиот театар на програмата на „Војдан Чернодрински“
На програмата на шестиот ден од Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп се промоција на театарска литература и уште една претстава во конкуренцијата за наградите.
Промоцијата на театарска литература е во 11 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“, а од 19.30 часот на сцената на матичниот театар, домаќинот, ансамблот на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја одигра претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Веднаш по претставата се разговорите на тркалезна маса и ќе биде соопштена оценката што ќе ѝ ја даде публиката на претставата.
Синоќа на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ публиката ја виде претставата на Албански театар од Скопје „Смртта на Дантон“ според Георг Бихнер во режија на Дино Мустафиќ.