Петмина веќе ги собраа потписите за претседател


 

Бујар Османи, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски, Билјана Ванковска и Арбен Таравари ја поминаа првата пречка – собирањето 10.000 потписи за нивната кандидатура за претседател и веќе можат да се насочат кон изготвувањето на програмата за изборите и стратегијата за кампањата.

Јакимовски и Ванковска тоа го направија во текот на вчерашниот ден. Градоначалникот на Карпош, според податоците од ДИК, заклучно со 20 часот на 1 март, собрал 10.269 потписи, а професорката Ванковска 10.278.

Кандидатурата на двајцата главни фаворити, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, ќе бидат потврдени денеска и утре на конвенција и конгрес. После тоа, тие ќе собираат и потписи, но за нив тоа не треба да претставува особен проблем.

Другите кандидати се прилично далеку од неопходниот број потписи. Вело Марковски и Мерсиха Смајловиќ имаат по околу 1.300 потписи.