Петкратно зголемување на бројот на невработени во Русија
Бројот на официјално невработени во Русија во последните шест месеци е зголемен за пет пати, изјави денеска рускиот министер за труд Антон Котјаков.
Во моментов во Русија официјално има 3,6 милиони невработени, споредено со 727.000 во март, соопшти Котајаков во изјава за руските медиуми.
Руската економија бележеше пад на активноста и пред пандемијата на коронавирусот, пред се, поради падот на цената на нафтата на светските берзи. Пандемијата го забрза трендот на опаѓање бидејќи владата ги ограничи операциите и воведе карантински мерки за запирање на ширењето на вирусот.
Дополнителен проблем претставуваше и падот на глобалната трговија.
Руската рубља од март ослабе за околу 15 проценти во однос на доларот, а за зелената банкнота во моментов се потребни 74 рубљи, наведе ДПА.