Петар Георгиевски Камиказа независен, но кандидиран од Левица


Фото: Б. Грданоски

Петар Георгиевски Камиказа е независен кандидат за градоначалник на Скопје, а нема да собира потписи поради пандемијата на Ковид-19, па затоа неговата кандидатура ќе биде поднесена преку партијата Левица.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Георгиевски на прес-конференцијата истакна дека еден од поважните проекти, меѓудругите, ќе биде реконструкцијата на Универзалната сала. За другите капиталните проекти не сакаше да зборува, затоа што, според него, треба да се види со колку средства располага градот.

Фото: Б. Грданоски

– За она што планираме постепено ќе ги информираме граѓаните, а до детали ќе се каже што ќе се прави кога ќе се види колкав е буџетот со кој располага Градот – рече Георгиевски.

Лидерот на Левица Димитар Апасиев на денешната прес-конференција рече дека нивните анкети покажале дека Петар Георгиевски ќе влезе во вториот круг на локалните избори за градоначалник на Скопје.

Фото: Б. Грданоски

– Сега за сега анкетите се отпимистички, односно, Перо Камиказа влегува во втор круг, а потоа што ќе се прави ќе се види во тие две недели пред тој да се одржи, истакна Апасиев.