Пешиќ: Време е за нов селектор


Светислав Пешиќ

Иако по „шокантната“ елиминација во осминафиналето на Евробаскетот 2025 селекторот на Србија, Светислав Пешиќ изјави дека нема да поднесе оставка, збогувањето, сепак, е неизбежно.

Имено, во вчерашното интервју за српска „Политика“  тој откри дека ќе се пензионира и ќе му помогне на претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Небојша Човиќ, во изборот на новиот селектор на српската репрезентација.

– Дојде време да се најде нов тренер кој ќе може да го продолжи она што го започнавме. Му ветив на Човиќ дека целосно ќе ја исполнам улогата што ми ја додели во изборот на нов селектор, изјави Пешиќ.

Во претходните денови, тој беше мета на сериозни критики од јавноста, но, како што вели, тоа не го засега.

Србија важеше за прв фаворит за освојување на трофејот на Европското првенство кое е во тек.