Пензиите ќе се исплатат на 2 јануари, само некои пензионери ќе ги добијат порано
Декемвриските пензии ќе бидат исплатени на првиот работен ден од новата година, 2 јануари 2025 (четврток), според редовниот термин.
Сепак, некои банки одлучија да ги исплатат пензиите предвреме. Пензионерите кои имаат сметки во Комерцијална банка ќе можат да ги подигнат своите пензии веќе утре, на 30 декември 2024.
Во Македонија има над 330.000 пензионери, а дел од нив ќе ја дочекаат Новата година со празни сметки.