Пентагон седум месеци без шеф


Ни по седум месеци од оставката на министерот за одбрана на САД Џејмс Матис нема негов наследник и тоа во многу проблематичен момент со оглед на тензиите со Иран.
Американската агенција АП наведува дека седум месеци по оставката на Матис, Пентагон и понатаму нема официјален шеф, во момент кога американската нација се соочува со потенцијален вооружен судир со Иран, нагласувајќи дека ова е најдолго чекање на новиот министер во историјата на Пентагон.
Се наведува дека Матис, кога минатиот декември поднесе оставка, мислеше дека ќе биде потребно два месеци да поставување негов наследник, а во тој момент тоа делуваше како ужасно долг период.
Но, ни седум месеци потоа сѐ уште не е потврден новиот заменик на министерот за одбрана на САД, а неизвесно е и именувањето на други официјални лица на значајни високи цивилни и воени позиции во Пентагон, што е повторно, најдолго чекање во поново време.
АП наведува дека причините за ова се различни, но без оглед на сѐ вакуум просторот што се створи во водството на Министерството за одбрана почна да ги загрижува челновите на конгресот и другите службеници, при што се јавува чувство дека нешто не е во ред во критично важен дел од американската влада во момент на глобална неизвесност.