Пендаровски му се потсмева на Мицкоски: Краде мои видеа да прави пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот Стево Пендаровски преку неговиот штаб денеска му се потсмева на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што крадел кадри од негово видео. Пендаровски вели дека оваа пропагандно видео е објавено на официјалната страница на Христијан Мицкоски и тоа е уште еден доказ оти партијата немала идеја.
„ВМРО-ДПМНЕ е позната по немањето став за клучните прашања, по немањето план за иднината, но позната е и по тоа што е безидејна партија.
Еден од низата докази за тоа е едно од нивните последни пропагадни видеа, каде тенденциозно и бесрамно се украдени кадри од видео објавено од претседателот Стево Пендаровски.
Во пропагандното видео на ВМРО-ДПМНЕ објавено на официјалната страница на Христијан Мицкоски неовластено се користат видео кадри од промотивно видео на Пендаровски од посетата на неговиот кабинет од страна на ученици од средното училиште ‘Никола Карев’ која се случи во април 2022 година.
Цели сцени каде се појавуваат припадници на Батаљонот за почести во Армијата неовластено се преземени од видеото објавено кај претседателот Пендаровски и искористени во пропагандно видео на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели од соопштението на штабот на Пендаровски.
За да каже дека ВМРО-ДПМНЕ не успева да направи ни свое автентично видео.
„Драго ни е што на ВМРО-ДПМНЕ им се допаднало видеото на претседателот Пендаровски, но тоа што неовластено преземале кадри, покажува дека оваа партија не е кадарна ниту да направи автентично видео, а не пак нешто повеќе“.