Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили (фото)


Фото: Б. Грданоски

Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателскиот кабинет на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, со што започна нејзината официјална посета на Република Северна Македонија.

Фото: Б. Грданоски

Како што соопштија од кабинетот на Претседателот, во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили, се одржува и пленарен состанок на официјалните делегации, по што ќе следува потпишување на Спогодба меѓу Република Северна Македонија и Грузија за укинување на визи и Меморандум за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура, спорт и млади на Грузијаи заедничка прес-конференција.

Фото: Б. Грданоски

Во фокусот на разговорите се билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грузија и начините за нивно унапредување, ЕУ и НАТО интеграциите, регионалните прашања, како и пандемијата на Ковид-19.

Фото: Б. Грданоски

 

Грузиската претседателка денеска ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. 

Фото: Б. Грданоски