Пендаровски: Албанец може да биде претседател, но треба да победи на избори


Сте во Пендаровски и албанскиот претседател Бајрам Бегај

 

Албанец може да биде на функцијата претседател на државата, но мора да ја има и поддршката од сите етникуми, одговори претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за Еуроњуз Албанија на прашањето за можноста Албанец да ја преземе функцијата претседател на Македонија. 

Според него, етнички Албанец не може да биде шеф на државата без гласовите на сите етникуми.

„Бев избран благодарение на гласот на сите гласачи од сите етникуми, вклучително и на Македонците кои го сочинуваат најголемиот број во државата, се разбира. Тоа се избори на национално ниво. Зошто да не биде Албанец претседател, но мора да има поддршка од македонскиот и другите неалбански етникуми. Етнички Албанец не може да биде претседател на Македонија без гласовите на сите етникуми“, рече тој.

На прашањето „како би реагирале граѓаните на Македонија доколку шефот на државата е Албанец“ Пендаровски одговори:

„Работата во политиката денес е транспарентна. Граѓаните гледаат сè што се случува. Имавме шанса да видиме каков е Али Ахмети како пратеник, каков е Џафери, кај кого нема да има никаква промена од функциите што ги извршуваше. Не се плашиме дека Албанец не би работел за интересите на Македонија“.

Пендаровски изјавил дека од порано приватно се познава со Талат Џафери и додаде дека е непристрасен и коректен во работата.

На прашањето какви биле односите со претходниот и актуелниот шеф на албанската држава, тој вели дека во односите со сите колеги се предводи од принципот дека избраниот од нивните граѓани е негов легитимен соговорник.

„Со двајцата споменати претседатели на Република Албанија, претходниот Илир Мета и актуелниот претседател Бајрам Бегај имаме одлична комуникација. Во тој период успеавме да реализираме продуктивна приватна соработка и надвор од политичката сфера. Честопати се среќаваме и разговаравме за неполитички теми, а на политички план имаме одлични односи, како што се одлични и односите меѓу Албанија и Северна Македонија“, оценил Пендаровски.

Тој даде оценка и за дел од својата работа во изминативе пет години:

„Во однос на моите уставни и законски овластувања, се обидов да им помогнам на сите, без разлика на нивната етничка припадност, за да го добијат заслуженото место во нашето мултиетничко општество. Што се однесува до албанската етничка припадност, искрено ме ставивте во непријатна положба бидејќи не сакам да зборувам за тоа што сум постигнал генерално во мојот мандат, но бидејќи сте заинтересирани како медиуми, можам да кажам дека Албанците во овие пет години во нивоата кои се во моите овластувања и кои се во одбраната, безбедноста и надворешната политика достигнаа највисоки менаџерски нивоа и практично имаме Албанец кој е директор на агенцијата за разузнавање. Во мојот кабинет еден од клучните советници, кој е советник за национална безбедност е Албанец, имаме Албанец кој е генерал во македонската армија кого го унапредив и слично, но ќе разберете зошто не сакам многу да зборувам на оваа тема бидејќи граѓаните на Македонија треба да зборуваат на оваа тема“, изјавил Пендаровски.