Пекабеско донираше седум тони храна за најпогодените граѓани од коронакризата


– Компанијата „Пекабеско“ донираше седум тони храна за граѓаните кои најмногу се погодени од кризата предизвикана од коронавирусот. Од компанијата денеска информираа дека во текот на јуни и јули, во соработка со Црвениот крст, донирани се пакети со храна за 650 социјално загрозени семејства. Дел од донираните производи се користат и за потребите за бездомните лица.

Во текот на мај 2020, „Пекабеско“ ја продолжи и годишната соработка за поддршка на Пунктот за бездомници на Црвениот Крст на Градот Скопје.

Од компанијата информираат дека кон крајот на април на покана на претседателот на државата се приклучиле и кон проектот „Волонтираме за солидарно општество“ со цел да се соберат прехранбени продукти и хигиенски производи за најранливите категории на граѓани, а во март извршиле и аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година со што дале конкретен придонес во националната борба против коронавирусот.

– Дополнително, од самиот почеток на коронакризата како компанија Пекабеско ги зајакнав превентивните мерки, а со цел да се избегне групирање и користењето на јавен превоз, Пекабеско на своите вработени им обезбеди и дополнителен финансиски надомест со цел користење на возило до и од работното место. И покрај големата побарувачка, цените на производите на Пекабеско во текот на целиот овој период останаа непроменети, посочуваат од компанијата.