Павлески во Истанбул на средби со компании заинтересирани за инвестиции во земјава


Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески кој е во дводневна посета на Истанбул, Турција, ќе оствари работни средби со неколку турски компании кои покажале интерес да вложат дел од својот капитал во Република Северна Македонија.

Павлески денеска и утре ќе има деловна средба со претставници на компании од автомобилската, медицинската и ХВАК индустријата и пред менаџерските тимови ќе ги презентира условите и можностите за водење бизнис во земјава, предностите и законската регулатива поврзана со работата на странските инвеститори.

Ќе бидат презентирани и условите и поволностите што Владата на Северна Македонија им ги нуди на странските инвеститори правејќи ја Република Северна Македонија конкурентна пред земјите од соседството.