Патувањето на Мицкоски и министрите во Вашингтон чинело речиси 20.000 евра, тврди СДСМ
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, денес на прес-конференција обвини дека премиерот Христијан Мицкоси и министрите во негова придружба, на патувањето во Вашинготн потрошиле речиси 20 илјади евра.
„Денеска ја откриваме точната сума на нарачаните карти за него, а за да биде скандалот уште поголем, дознаваме и дека сите негови министри патувале со бизнис класа“, изјави Кузеска, додавајќи дека поединечните трошоци биле меѓу 4 и 5.000 евра само за билетите од бизнис класа.
Таа рече дека според нивни информации, за Мицкоски била извршена нарачка на бизнис карта, цена на повратен билет 237.072 денари или 4.000 евра.
„Да биде скандалот поголем, тоа не е најсакапта карта која е платена за ова патување. Па така, картата на министерот за одбана Владо Мисајловски е платена дури 280.000 денари, а останатите две карти, на Панче Тошковски и Тимчо Муцунски, се платени околу 4.500 евра секоја“, рече Кузеска, односно дека речиси 20.000 евра ги чини граѓаните, како што рече „ само удобното патување на Мицкоски и министрите за Вашингтон“. „Прашуваме, колку пари се потрошени по хотели и други трошоци на државна сметка“, додаде таа.