(Видео) Патот Битола-Прилеп потопен од излеани неисчистени канали, возачите револтирани


БИТОЛА – Под вода е патот Битола-Прилеп на потегот од Тополчани до таблата за село Витолише, реагираат граѓани на Битола кои утрово патуваат за Скопје.

Според Мерита Исмаили, советник во Општина Битола, патот е под вода и тоа на некои позиции повеќе од половина метар а на некои места има вода и до еден метар и сообраќајот се одвива отежнато. Под вода се и дрвјата покрај патот и не се гледа до каде е асфалтот. Возилата се движат со 20 километри на час.

„Патот е многу лош, излеана е вода на самиот коловоз се движиме многу бавно, вака е од Тополчани на кај Скопје. Од кога тргнавме од Битола до Прилеп патувавме еден и пол час. Претпоставуваме дека е од неисчистени канали. Друго нема“, вели Исмаили.

Во тек е реконструкција на патот Битола-Прилеп, па сообраќајот во еден дел се одвива по стариот пат. Возачите од Битола до Тополчани одат по магистралниот пат, потоа на таа точка се исклучуваат и се приклучуваат на стариот регионален пат Битола-Прилеп.

Вака е до таблата за село Витолиште, мариовско, а потоа патувањето се продолжува по магистралниот пат.

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека – Преку број за итни повици 112 добиена е информација дека новиот пат Прилеп-Битола е пренасочен на стариот пат поради голем излив на вода кај с.Ново Лагово поточно кај Воденицата. (А.Б.)

Видеата се на Мерита Исмаили

Најмногу дожд во Прилеп 27 литри на квадрат, ќе врне и денеска