Патник оставен од сопругата на автопат во Германија


САД- Пауза за цигара на автопат, се покажа како неочекувана авантура за еден маж од Албанија кој патувал со сопругата во Германија.

За време на сообраќаен метеж на автопатот А-7 кај Фусен во јужна Германија, човекот излегол од автомобилот за да испуши цигара. Но притоа, сообраќајот почнал да си тече побрзо, а неговата сопруга се оддалечила без него, пишува порталот Феникс-магазин.де. Нешто подоцна, баварската полиција добила пријави за пешак на автопатот А-7 во граничниот тунел Фусен. Се работело за мажот кој очајнички си ја барал сопругата.

Тој подоцна ѝ рекол на полицијата дека неговата сопруга едноставно продолжила да вози кога се расчистил сообраќајниот метеж.

Човекот  бил преземен од патрола. Неговата сопруга потоа била контактирана по телефон за да го земе  сопругот.

Двојката потоа го продолжила заедничкото патување.