Партнерот на ДУИ не сака да гласа ни за Пендаровски, ни за Сиљановска

Скендер Реџепи-Зејд, пратеникот и претседател на партијата „Народно движење“, преидизборен коалиционен партнер со ДУИ во „Европскиот фронт“, вчера рече дека не би гласал ниту за Стево Пендаровски ниту за Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг претседателски избори на 8 мај.
„Тоа ќе биде одлука на Европскиот фронт – на сите претседатели. Тоа досега не е дискутирано воопшто. Ќе биде предмет на дискусија во идните средби. Лично јас не би гласал за никого – ни за едниот ни за другиот. Таква перспектива не видовме досега од Македонците да бидат спремни да гласаат за Албанец. Но тоа е лично мое видување, крајната одлука ќе ја донесе „Фронтот“, рече Реџепи.
За повикот на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за коалицирање со албанската опозициска „Вреди“, предводена од Аребн Таравари, тој рече дека тоа ќе биде стерилна опозиција која нема да го претставува мнозинството Албанци по 8 мај и дека такво коалицирање би било „недозволиво“.