Партијата на Данела Арсовска ќе ги враќа телекомуникациите во државна сопственост
Нова Алтернатива на Данела Арсовска, која се рекламира како партија со нови луѓе и со нова енергија, објави нешто што треба да личи на изборна програма сведено на дваесетина реда.
-Знаеме дека немањето систем и корумпираните елити се најголем предизвик за сите наши
сограѓани во Македонија. Затоа, за обезбедување услови за демократска и просперитетна Македонија неопходно е храбро и одлучно да се пристапи кон:
1. Раскинување на незаконските и антидржавни договори;
2. Ревидирање на криминалната приватизација и сомнително склучените
долгорочни концесии;
3. Бескомпромисна борба против организираниот криминал;
4. Нулта толеранција и искоренување на корупцијата;
5. Демонтирање на мафиократскиот систем;
6. Градење на професионални институции;
7. Конфискација на незаконски стекнатите имоти;
8. Разбивање на монополот на пазарот кој е во раце на олигархијата и
крупниот капитал;
9. Враќање на енергетските и телекомуникациските стратешки национални
капацитети во сопственост на државата и граѓаните;
Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова
Алтернатива, сите заедно со една идеја – правда за Македонија, да се
обединиме без разлика на етничка, верска или било каква друга определба
да се избориме за еднакви можности и економски просперитет. Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива, стои во соопштението на оваа партија.