Партијата на Бачев не гледа руска агресија, војната ја почнал Зеленски


За која руска агресија зборува премиерот Димитар Ковачевски кога цел свет гледа дека војната во Украина е инспиририна од САД и НАТО, кои лажно го силеа украинскиот претседател Зеленски да влезе во опасна авантура со можно зачленување на Украина во НАТО и на крај го изневерија дека ќе го бранат, реагираа од Единствена Македонија на Јанко Бачев.

Според него, воениот судир меѓу Русија и Украина само зборува за незрелоста на украинскиот претседател Зеленски кој од телевизиски комичар стаса до претседател на Украина.

– Македонија веќе ги чуствува последиците со гасот, но, вината не е во Русија туку во поведението на марионетската власт во Скопје. Го потсетуваме Ковачевски дека Русија ја планираше Македонија да биде дел од главната траса на гасоводот: Турција, Грција, Македонија, Србија, Унгарија со што засекогаш ќе го решевме прашањето со природен гас како прашање на иднината. Но, за жал, инсталираната власт на Заев своевремено ја тргна Македонија од овој проект, велат од оваа партија, која бара нашата држава да не се приклучува кон санкциите  за Русија, иако одлуката одамна е донесена а тие ја преспале.